fbpx
11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Трамп веднаш ја укина најголемата реформа на Обама

АКТУЕЛНО

Новиот претседател на САД Доналд Трамп потпиша вчера, веднаш по влегувањето во Белата куќа, указ против законот за здравственото осигурување Обамакер, кој вети дека ќе го укине за време на својата кампања, соопшти Белата куќа.

Овој закон од 2010 година, кој е омразен меѓу конзервативците поради трошоците и административната сложеност, требаше да помогне што поголем број жители на Америка да имаат здравствено осигурување.

Законот не може да се укине со еден потпис, туку за тоа мора дополнително да гласа Конгресот. Но, таму мнозинството го имаат републиканците.

Останува да видиме што ќе се случи во иднина и дали Трамп ќе ги оствари своите ветувања дадени во предизборната кампања.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -