Македонската економија бележи најслаб раст на БДП во регионот од нула отсто. Имено, ова е исто така најслаб резултат споредено со растот во последните 4 години односно од 2013 па наваму, анализира Економски.мк.
Раст на БДП од 2013 до 2016 година се забележува и годишно и квартално споредено со 2017-та, кога македонската економија бележи стагнација.
Според официјалните податоци, македонската економија бележи раст од 2013-та па се до 2016-та година, за да во 2017-та година се соочи со стагнација или раст на економијата од 0 %.
БДП Годишен раст на македонската економија
2017= 0%
2016= 2,9%
2015=3,9%
2014=3,6%
2013=2,9%
Во услови кога целокупниот регион бележи раст на БДП и на целокупната економија, Македонија се соочува со пад на БДП, пад на градежништвото и пад на индустриското производство. Така според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 412 194 илјади денари, што е за 54.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според официјалните податоците БДП од 2013 година се до 2016 растел солидно и во 2015 достигнува скоро 4 % раст што е показател за добри економски политики и раст на градежништвото, индустријата и инвестициите додека за 2017 имаме нула што е катастрофално лош резултат.