Почитувани пријатели, Ви благодариме за поддршката на иницијативата за формирање на Граѓанско Демократската Унија, за времето и енергијата кои ги вложивте. За Вашата гостопримливост додека ги собиравме потписите потребни за регистрација на заедничкиот проект. Ви благодариме за добронамерноста, сугестиите и идеите кои ги споделивте со нас. Но, највеќе за еланот, желбата и вербата дека промените се можни, дека промените се потребни.
Се гледаме на Основачкото Собрание на ГДУ
во недела, во 13:00 часот во Хотел Мериот – Скопје.
Претседател на Иницијативниот Комитет на ГДУ
Петар Колев