18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Мурињо: Сега имам само едно име во мојата глава, тоа е…

Жозе Мурињо е свесен дека неговиот Јунајтед не е меѓу најсилните 5 екипи во Европа, но не исклучува да направат сезонава изненадување во ЛШ.

Манчестер Јунајтед треба да го одигра мечот против Севилја на домашен терен, откако во Андалузија беа одиграни 0:0, па да се види кој ќе биде патникот во четвртфиналето.

„Црвените ѓаволи“ долго време немаат значајни резултати во ова натпреварување, па можеби се за нив ќе тргне од оваа година.

„Сметам дека не сме една од најсилните екипи во Европа, но доколку се пласираме меѓу најдобрите 8 екипи, се е можно за голем успех. Сега имам само едно име во мојата глава, тоа е Севилја. Знаеме дека ќе биде многу тешко да ги поминеме. Не чувствувам дека имаме предност пред Севилја само затоа што играме на домашен терен“, истакна Мурињо.

По нерешеното во Шпанија, Јунајтед ќе се обиде пред своите гледачи да дојде до гол и победа за пласман понатаму.

поврзани објави

Последни објави