Бразилскиот фудбалер Нејмар денеска наиде на осуда на социјалните мрежи, како и генерално на јавноста, бидејќи на непримерен начин му оддаде “почит“ на починатиот физичар Стивен Хокинг.
Славниот англиски физичар почина во среда на 77. години во својот дом во Кембриџ. Неговиот повеќе децениски труд во областа на теориска физика допринесе во голема мера за разбирање на појавата во космос, додека неговиот труд во науката и просветата придонесе за младите генерации да бидат заинтересирани за физика, космологија и сродна наука.
Хокинг исто така од своите млади денови беше во инвалидска количка поради неговата болест – амиотрофна латерална склероза, но тоа не го спречи да го продолжи своето работење.
Фудбалерот на ПСЖ напиша неколку реченици по неговата смрт:
– Треба да имате позитивен став и од целата ситуација во која сте да извлечете се најдобро. Стивен Хокинг, го цитираше Нејмар по англискиот физичар.
Тоа не би било проблем доколку под овој цитат не се најдеше оваа слика.
