30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Запален автомобилот на пратеничка на СДСМ од Виница (ФОТО)

Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, бил запален синоќа околу 1.20 часот, дознава Плусинфо.

Полицијата, пак, во текот на целата ноќ ги обезбедувала домовите на најголемиот дел на пратениците од владејачкото мнозинство.

По вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, во текот на ноќта, на профилите на социјалните мрежи на пратениците од СДСМ не престанале да пристигнуваа низа закани, пцости, клетви, дел јавно, дел преку пораки од граѓани гневни на владеачката гарнитура која во изминатиот период ги лажеше своите гласачи дека Тиранската платформа е лага, а дека тие нема да донесат законт за двојазичност во земјата.

поврзани објави

Последни објави