35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ОТКРИЕНО Што му порача Конте на Меси во меѓусебната комуникација на крајот од мечот!?

Барселона е последниот патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите благодарение на победата од 3:0 која ја оствари над Челси на домашниот „Камп Ноу“, натпревар кој уште еднаш мина во знакот на Лионел Меси кој постигна два гола, а исто така и беше аситент во ситуацијата кога Дембеле погоди за 2:0.

Блесокот на Аргентинецот одново не остави рамнодушен никого на стадионот и јасни беа овациите од страна на навивачите на Барселона, а по крајот на мечот, интересна беше ситуацијата кога првата ѕвезда на Барселона доби прегратка од Антонио Конте.

Менаџерот на Челси го напушти теренот разговарајќи со најдобриот играч на Барселона, а на прес-конференцијата откри што му порачал на неверојатниот Аргентинец.

– Кога имате шанса да му дадете големи комплименти на Меси, мислам дека тоа е сосема коректно. Коректно е да се воодушевувате на еден супер, супер, супер добар играч за тоа што го прави, бидејќи тоа е играч кој секоја сезона може да постигнува по 60 гола. Не станува збор само за една сезона. Навистина ми е мило што по крајот на натпреварот имав шанса да му ги изразам моите комплименти, станува збор за неверојатен фудбалер, за најдобриот во светот, – порача Конте.

поврзани објави

Последни објави