17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Мицкоски најавува големи протести во мај: Жестоко ќе се бориме за уривање на актуелната власт!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на ТВ Алфа посочи дека законот за јазици нема да функционира и дека истиот е донесен на сила, на недемократски начин од страна на владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ.

Тој, во интервјуто вечерва најави жестока битка за уривање на актуелната власт и кажа дека партија ќе побара интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Мицковски, во походот на уривање на оваа, како штто ја нарече „ненародна власт“, најави и дека партијата ќе организира и протести, на почетокот на мај.

 

ВМРО-ДПМНЕ е разочарана. Од тој ден се воведува и нова пракса. Овој закон нема да функцонра. Донесен е во недемократски амбиент и на  насилен начин од СДСМ и Талат Џафери. Ние нудевме решение како овој Зaкон да стане и Уствен и применлив, но тоа се отфрли. Овие луѓе насилно дојдоа на власт и на таков начин владеат. Не смееме да дозволиме уште едно насилничко однесување од СДСМ. Треба да се избориме за предвремени парламентарни избори,  за да зaврши ова зло, посочи Мицковски.

поврзани објави

Последни објави