17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Народот си го кажа своето, видео обраќањето на премиерот не наиде на поширока поддршка

На видеото објавено на Youtube каналот на Влада на Република Македонија со наслов – „Заев: Македонија, земја за сите наши граѓани, тоа е патоказ за нашата иднина“, а на кое премиерот Зоран Заев се обраќа по повод донесениот закон за јазици, може да се забележи дека има 24,674 прегледи, од кои само 36 го лајкнале видеото, додека над 1, 700 луѓе го дислајкнале самото видео.

Тоа значи дека само мала бројка на луѓе кои го гледале видеото, наместо поддршка, истите преку unlike – односно дислајк упатиле порака дека пораката пренесена од истото веројатно не им се допаѓа.

ФОТО од Youtube

ЛИНК ОД ВИДЕОТО – ОВДЕ
Собранието го изгласа законот за употреба на јазиците, со 69 гласа „За“, без ниту еден против или воздржан. Законот беше донесен без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не учествуваат во работата на Собранието во знак на револт од притворањето на петмина нивни колеги и други граѓани за учество во инцидентите во законодавниот дом на 27-ми април минатата година.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан уште во ноември лани кажа дека Законот за употреба на јазиците не е релевантен за добивање препорака и дека власта треба да се фокусира на поприоритетни закони.

Вчера, за законот реагираше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние  кој за порталот СДК.МК изјави дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој вели дека вчерашните инциденти во Собранието не се глетка од парламент на европска држава.

 

поврзани објави

Последни објави