12.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Мицкоски: Кукавица е тој што го донесе Законот на ваков начин!

Кукавица е тој кој што го донесе Законoт на ваков начин, иако во многу наврати во минатото лично го предупредував и преку прес конференции, но и преку моите настапи на социјалните мрежи дека Македонија не смее во овој момент да си дозволи вакво недолично однесување, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на гостувањето во вестите на Алфа ТВ.

Тој кажа дека претседателот Ѓорѓе Иванов постапил државнички во својата одлука да не го потпише указот.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои позади одлуката на претседателот на државата зошто ваков закон не заслужувал потпис од страна на претседателот бидејќи неговото основно право  и обврска е да го заштити уставот и интересите на сите граѓани на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави