Златан Ибрахимовиќ (36) ја заврши својата репрезентативна кариера во јуни 2016. година после испаѓањето на Шведска од европското првенство уште во групната фаза на натпреварувањето, кога одиграа нерешено со Ирска, а од Италија и Белгија изгубија со 1-0.
Не одамна се кренаа гласини дека Ибрахимовиќ би можел повторно да заигра во репрезентативниот дрес на претстојното Светско првенство во Русија оваа година, откако тој изјави дека му недостасува тоа чувство кога настапува за својата земја.
Сепак, селекторот на репрезентацијата и не покажува никакво претерано возбудување околу евентуално враќање на Ибра во репрезентацијата.
– Мене тоа ништо не ми менува, рече тој после објавувањето на составот за пријателскиот натпревар против Чиле и додаде:
Супер е што играчите сакаат да ни се придружат. Не следам премногу што се пишува во медиумите и што зборуваат. Ја почитувам неговата одлука, но не сум размислувал во однос на тоа прашање.
Сепак, Швеѓанинот продолжи да тера по свое па не одамна изјави дека тој е оној кој што одлучува дали ќе настапи на СП или не.
Ибра одиграл дури 187 минути во седум натпревари оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=LYsiuka6RK8

