fbpx
5.8 C
Skopje

Гамбија по 22 години ќе има нов претседател: Екс-лидерот Џаме избега од државата!

АКТУЕЛНО

Јаја Џаме досегашниот претседател на Гамбија кој на власт беше цели 22 години, а кој по поразот на изборите одби да ја предаде власта во текот на ноќта беше приморан да ја напушти државата.

Џамех со авион во текот на ноќта одлета од главниот град на државата Банџул само неколку часа откако по 22 години на власт ја предаде должноста на новиот водац Адама Барау.

Новиот претседател Барау претходно истакна дека Џаме ќе замине во Гвинеја, но можеби тоа нема да биде неговата конечна локација каде што ќе го продолжи живото.

Барау во четврток ја положи заклетвата во соседен Сенегал, а регионалната организација Ековас испрати војска во Гамбија во случај да не беше постигнат дипломатски договор со кој Џаме кој сепак ја предаде власта.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -