27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Заврши истрагата за 27ми април, Мукоски и Василевски во вторник во Врховен суд

Обвинителството за организиран криминал ја заврши истрагата за настаните од 27-ми април. 35мина остануваат осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, потврдуваат од обвинителството за тв 24. За ова се известени и адвокатите на осомничените, кои ги добиле доказите на усб.

Според сознанијата на листата докази имало вештачења на мобилни телефони, пораки кој со кого комуницирал пред и за време на крвавиот четврток минатата година.
Се очекува наредниот месец поднесување на обвинение со што овој случај ќе влезе во судница, а ако судот го одобри обвинението, ќе им се суди на шестмина пратеници, поранешниот министер за внатрешн,и Митко Чавков, дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, поранешни началници, вработени во МВР, собраниските служби. Во вторник, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои останаа во истражниот затвор Шутка, на јавна седница ќе бараат од врховните судии да бидат пуштени од притвор.
Информацијата за јавната седница ја потврдија извори од Врховниот суд. Тие се единствените од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои останаа во притворското одделение во Шуто Оризари и се таму од 5-ти декември. МВР сеуште трага по Митревски Никола-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Дејан Давидовски-Дешо и Митре Питроповски.

поврзани објави

Последни објави