0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Доби жолт картон, а поради истиот би можел да заврши во затвор

Во прв момент жолтиот картон кој го добил и кратката полемика со судиите изгледала како и секоја друга на фудбалски натпревар. Но не било баш така.

Бекот на Бешикташ, Чанер Еркин имаше кратка, тромесечна авантура во Интер каде дојде како засилување, но само тренираше, одигра некоја пријателска и потоа се врати во Турција каде потпиша со клубот од Истанбул. Сево ова од први јуни до крајот на август 2016.

Но тоа е малку важно во однос на тоа со што се соочува стандардниот турски репрезентативец.

На 23. октомври 2017-та на дербито од турската Супер Лига Бешикташ – Башакшехир кој заврши 1-1 со голови во самиот финиш (89-та и 92-ра), левиот бек Чанер Еркин во 87’ минута добил жолт картон па почнал да го навредува судијата Калкаван и неговите помошници.

https://www.youtube.com/watch?v=yjJHvA1yuvo

ПОСЛЕДИЦИ

По навредите поради кои и добил жолт картон, Дисциплинската комисија на турската фудбалска федерација го казни Еркин со дури шест меча суспензија и 100.000 евра парична казна.

Чанер некако се помирил со оваа казна која ни за еден добростоечки фудбалер не е наивна, но го шокирала веста која пред неколку дена ја стигнала од турскиот суд – Чанер Еркин ќе мора да се појави пред судија на распит. Обвинителите го гонат за „навреда на службено лице во извршување должност“ каков што е фудбалскиот судија. На фудбалерот сега му се заканува 2-годишен затвор.

Повеќе за ова на Офф.нет.мк – Извор (ВЕСТ)

поврзани објави

Последни објави