12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Дел Пјеро: Дибала може да го надмине мојот рекорд…

Алесандро Дел Пјеро е еден од играчите кој одбележа една убава ера во Јувентус, ера исполнета со многу успеси и титули, додека сега Пауло Дибала е еден од ликовите кој е најзначаен и не може да се замислат „бјанконерите“.

Аргентинецот како и Дел Пјеро е познат по една карактеристика, тоа е добриот и прецизен шут од слободни удари, па легендарниос ас на клубот од Торино верува дека сегашната десетка има квалитет да го надмине неговиот рекорд.

Имено Алесандро застана на бројката од 22 голови од слободни удари во Серија А,  Дибала засега има 9, додека на самиот врв на вечната листа се Синиша Михајловиќ и Андреа Пирло со по 28 погодоци.

-Кој е подобар изведувач на слободни удари? Што сакате да кажам? Јас моето време го завршив, Пауло го има целото време пред себе за да ме надмине. Морам да кажам дека добро си ја врши работата во тој поглед, му посакувам најдобро, -истакна Италијанецот за официјалниот сајт на „УЕФА“.

 

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

     

Последни објави