12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Ѓорчев до Локвенец: Кој му даде право на Талат да ни ги суспендира амандманите, а вие да си ќутите ко попчиња

Ние ги поднесовме ли регуларно амандманите? Ги поднесовме. Кој ни го даде тоа право. Ни го даде деловникот и Уставот. Што направивте Вие. Вие ја погазивте елементарната процедуира за да донесете неуставен закон. Извршивте патоз врз уставот и деловникот. Ваква лакрдија не и е приредена на Република Македонија. Скандалозно е ова што се направи во Собранието на Република Македонија, рече Влатко Ѓорчев во „Само Вистина“ на Канал 5 во ТВ дуелот со неговиот колега од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој додаде дека Џафери кога поднесе амандмани, две недели молчел на говорница, читал поезија, но не му се скратила можноста за поднесување на амандмани. Господине Локвенец, со овој закон, ако не се користи албанскиот јазик има 5000 евра казна, ако не се употребува македонскиот јазик нема казна. Вие сте тие кои поднесовте гаранција, вие сте тие кои рековте дека тоа е во главата на вмровците итн итн… а сега имаме ситуација, каде што мнозинството граѓани ве прашува: Што правите, неразбрани трговци!? 

поврзани објави

     

Последни објави