12.8 C
Skopje
Saturday, March 15, 2025

Шефот на македонската дипломатија: Постојат разлики во позициите на Македонија и Грција

Македонија и Грција размениле Нацрт-спогодби за доближување на ставовите за името. Грција документот го доставила пред неколку денови, додека Македонија, преку претставник на министерството за надворешни, тој предлог до официјална Атина го испратила денес.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров вели дека документот кој пристигнал од Атина е предмет на анализа, не сакаше да открие детали од него, но вели дека постојат разлики во позициите.

„Грчката нацрт-спогодба е предмет на анализа во овој период. Не сум убеден дека ќе биде корисно да коментирам за содржината, секогаш кога говориме преку медиумите работата се компликува. Можеби е чесно да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме на една цел ќе успееме да ги надминеме тие разлики“, порача Димитров.

За Нацрт-спогодбата говореше и премиерот Заев кој вели дека во неа има повеќе меѓународни формулации во делот за името, употребата, идентитетските прашања, кодовите.

Меѓутоа вели дека нема ништо ново од последната средба во Виена, односно нема помрднување на позициите и затоа ништо не може да биде ставено во документ.

Прашан како ги коментира информациите кои пристигнуваат од Москва, која повторно отворено се противи на влезот на Македонија во НАТО Алијансата, Заев вели дека тоа воопшто не треба да ги наруши односите меѓу Македонија и Русија.

„Уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Тоа се ЕУ и НАТО интеграциите, што е и определба на огромното мнозинство над 75 проценти од граѓани на РМ. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важно за Македонија, но и за целиот регион. Тоа не е спротивно со унапредувањето на соработката со Руската Федерација, затоа што Македонија во своите стратешки цели го има и унапредувањето на соработката со Русија, пред се на економски, културен, образовен план“, порача Заев.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во дводневна посета во Скопје ќе допатува во четврток. По една недела Димитров и Коѕијас во Виена ќе седнат на нова рунда преговори со медијаторот Метју Нимиц. Тогаш се очекува Македонија да одговори на грчката нацрт-спогодба за која засега пред јавноста не се изнесуваат детали.

https://www.youtube.com/watch?v=Ywoe-kQjOts

Извор – ТВ21тв

поврзани објави

Последни објави