11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Отец Тодоров: Сорос, тоа ви е всушност процес на зомбирање

Граѓанското движење СОС (Стоп организација Сорос), зема се поголем замав, па дури и свештениците започнаа да се приклучуваат. Еден таков случај е Отец Ивица Тодоров, кој на својот фејсбук профил јавно го искажа своето мислење за дејноста на Сорос во Македонија.

„Целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за обработување да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално, интелектуалните и духовните личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво.
Всушност тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистично огревовед светоглед! Таквите „личности“ се себецентрични, односно, дрски егоисти и себеугодници и како такви тие стануваат „топовско месо“ на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се „фактор“, дека се им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!“, напиша Отец Тодоров на својот Фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави