17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Медиумските шпекулации за Роналдо и Манчестер, го натераа и Перез да се огласи

По најновите шпекулации поврзани со Роналдо и Манчестер Јунајтед кои запловија деновиве, се огласи првиот човек на Реал Мадрид, претседателот Флорентино Перез.

Како многупати досега, сведоци бевме на медиумска помпа поврзана со Роналдо и Манчестер Јунајтед, но како што беше и традиционално досега, нема ништо од тоа, Перез негираше се.

Не, Кристијано не побара да си замине за да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој има свој договор овде и тоа никогаш нема да се промени, се е во ред“, истакна Перез за шпанските медиуми.

Додека од една страна се шпекулира со името на Роналдо, од друга страна се зборува и за заминување на Герет Бејл од Реал, пред се поради големата конкуренција, во која велшкиот играч требаше да биде замена за Роналдо како што го гледаа пред неколку години, но на крајот може да биде и колатерална штета на преголемиот талент кој Реал го има во своите редови.

поврзани објави

Последни објави