17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

ГДУ со позитивни пораки од Брисел: Македонија доби силна поддршка за добивање датум за отпочнување на преговорите со ЕУ

Делегацијата на политичката партија Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) носи добри вести од Брисел. Од партијата соопштуваат дека Македонија и регионот во целина добиле „силна и недвосмислена поддршка за добивање на датум за отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија“, од страна на политичката група за поддршка на земјите од Западен Балкан. Од партијата велат дека е  препознаен придонесот на Република Македонија во рамките на регионалната безбедност.

Политичката и национална разновидност на членовите на ЕУ парламентот кои партиципираа со свои дискусии во овие неколку дена, навистина делуваше охрабрувачки и отвара можност за поблиска соработка со европскиот парламент, не само на политичките партии од Македонија, туку и со граѓанскиот сектор и слични интересни групи.

ФОТО

Како политичка партија, се обидовме да дадеме придонес во некoлку дневните дискусии, да ја претставиме нашата земја во што е можно подобро светло, притоа држејки се до начелото дека како добри, ние во Македонија имаме и нешта со кои и не се гордееме. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите учесници кои одвоија време и учествуваа  во разговорите.

На Арне Герик од Германија  кој како да зборуваше и во наше име кога му упати честитки на Ангел Џамбаски за неговите напори да ги врати Македонија и регионот на дневен ред на ЕУ парламентот.

ФОТО

На г.Руперт Метјус за нескриениот интерес и особено за неговите предлози. На нашата пријателка  Ружа Томашевиќ за нејзината видлива емотивност кога зборува за Македонија. На учесниците на  панелот „Македонија не е само име“ пред се на г. Андреј Ковачев и неговиот осврт од апект на економската и регенионалната безбедност. На дискутантите од Романија, од Албанија,од Данска, кои покажаа дека соработката, дијалогот, разбирањето, не се недостижни, туку се добредојдени. Ја користиме оваа прилика и искрено посакуваме дијалогот на македонската влада со Европската Комисија во поглед на реформите од планот 3:6:9 да помине во слична атмосфера“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократската Унија.

ФОТО

поврзани објави

Последни објави