Членот на Левица, Димитар Апасиев во „Само Вистина“ рече дека може да се покрене импичмент против Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
– СДСМ ги има потребните пратеници, може да покрене постапка за импичмент и таа треба да заврши со утврдување на одговорност. СДСМ знаејќи како го прошверцува Законот за јазици, нема тоа да го направи, вели Апасиев.
СДСМ во опозиција друго зборуваше. Изјавите кои сега му ги шеруваат на премиерот се сосема спротивни од она што тој го зборуваше додека беше во опозиција.
Според Апасиев, членувањето во НАТО нема да не заштити од меѓуетничките судири. Нато штити од надворешна агресија, а не од внатрешни меѓуетнички односи, додава тој.

