17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Батистута: Меси никогаш нема да биде како Марадона поради една причина!

Габриел Омар Батистута, или за италијанската спортска јавност многу попознат како „Габигол“ одбележа една значајна ера во Калчолигата на крајот на 90-тите години и почетокот на новиот век, па токму поради тоа, неговиоте изјави дадени за медиумите на Апенините секогаш се проследени со огромно внимание.

Легендарниот аргентински напаѓач сега се најде во фокусот благодарение на исцрпното интервју кое го одработи за „Кориере дело Спорт“, а главна тема во истото е споредбата меѓу двата најдобри аргентински фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.

– Диего е најдобриот на сите времиња. Покрај фудбалот, Диего ги претставуваше Аргентинеците и во многу други работи. Тој имаше харизма, талент и чудна моќ да измислува работи на теренот. Меси, иако е технички неверојатно добар, дури можеби и подобар од Марадона, сепак не може да го надмине во целост. Лионел не може да биде Диего поради една причина, ја нема неговата харизма. Диего може да командува со цел стадион, сите гледаа во него. Јас имав можност да играм со него и можам да кажам колку беше клучен за тимот. Марадона е поезија, а Меси проза. Она што му недостасува на Меси во споредба со Марадона е таа фантастична димензија која не може да се замисли ниту во сон. Меси технички е перфектен, никој не постигнува голови како него, но за мене тој не може да биде Диего и никогаш нема да биде како него, – потенцира Батистута.

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави