14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Имате темни кругови околу очите? Еве што е потребно да ги отстраните

Не спиете доволно, преморени сте или често заборавате колку е важно да се пие вода. Некои велат дека ви треба повеќе, други пак велат пиењето премногу вода може да ви наштети.

Сепак доколку ги имате темните кругови и досадни кеси под очите тогаш она што ви е потребно е млекото.

Потопете двe памучни тампончиња во сад со ладно млеко. Исцеди ги и ставете ги на очните капаци. Може да ставите и под очите. Оставете ги да отстојат 10-тина минути, а потоа отстранете ги.

Потребно е да го оставите млекото да се впие во кожата, затоа добро е после третманот да не го миете лицето.

Млекото не само што ја омекнува кожата и ја прави мазна и еластична, туку може да се справи и со темни кругови под очите и видливо да ги намали отечените кеси. Постапката може да ја повторувате секој ден пред спиење и наутро после будење. Неслучајно Клеопатра практикувала да се капе со млеко!

 

поврзани објави

Последни објави