12.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Буфон му одржа лекција на Игуаин во пресметката „очи в очи“, па во свој стил го испрати до соблекувалната (Видео)

Аргентина успеа да ја победи Италија со 2:0 и покрај тоа што во своите редови го немаше Лионел Меси кој поради превенција не настапи на овој пријателски меч, во кој единтвена светла точка за „аѕурите“ беше искусниот Џанлуиџи Буфон кој се врати на голот во голем стил.

Џиџи прими два гола во второто полувреме од Банега и Ланѕини, но до тој момент, спречи уште најмалку толку на Аргентинеците кои беа подобри во секој поглед и кои имаа далеку повеќе шанси во текот на сите 90 минути. Покрај головите кои ги видовме во последните 15 минути од средбата (75-та и 85-та), за одбележување е и еден момент од крајот на првото полувреме кога Буфон му одржа лекција на својот соиграч од Јувентус, Гонзало Игуаин.

 

Искусниот чувар на мрежата ја доби директната пресметка со напаѓачот, а кога се упатуваа кон соблекувалните, во пријателски стил го прегрна и го утеши во ситуација кога претходно му одзема чист гол.

https://twitter.com/calcio_cavallo/status/977295894805647360

 

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави