Цената на горивата од полноќ во Македонија ќе биде зголемена за половина денар. Ова беше донесено на состанокот на Регулаторната комисија за Енергетика.
Согласно оваа одлука, Еуросупер БЦ 95 ќе се продава за 67 денари, а Еуросупер БС 98 за 69 денари. Цената на дизелот ќе остане иста, односно тој и понатаму ќе изнесува 53,5 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе изнесува 42 денари за литар.