Манчестер Јунајед и Манчестер Сити ќе влезат во жестока битка за големата ѕвезда на ПСЖ Нејмар преку летниот трансфер период, тврди “Ел Мундо Депортиво“.
Според шпекулациите, двата тима се очекува да му конкурираат на Реал (Мадрид) за потписот на бразилскиот репрезентативец, кој пред своите блиски, споделил дека нема трпение да го напушти ПСЖ, бидејќи не му одговара слабото ниво на првенството во кое игра.
ПСЖ на Барса и плати 222 милиони евра и во моментот тој држи рекорд за најскап фудбалски трансфер за сите времиња.
Сити има потреба од големо име во нападот и Пеп Гвардиола со задоволство би го земал Нејмар. Истото може да се каже и за Јунајтед, тим кој има проблеми во предни позиции, а освен тоа се очекува тој да бара заменик на Ибрахимовиќ.
Едно всушност не е јасно – како Нејмар ќе ги убеди парижаните да го постават на трансфер пазарот за да го продадат.