Христо Пенчев Пенев од Габрово Бугарија за стариот мотор хјун -дап произведен во1942 година, го освои пехарот за најстаро возило на ретроревијата за олд-тајмери која денеска се одржа во Делчево:
- Моторот е стар 14 години, репариран е и го возам. Има 26 коњски сили, изјава Христо Пенчев Пенев од Габрово Бугарија.
Пехарот за најмалд учесник го доби Даме Иванов од Делчево кој учествуваше со своето фиќо, а пехарот за најреставриран автомобил отиде кај Ивајло Цеков од Благоевград за возилото понтијак.
На ретроревијата на стари автомобили која денеска се одржа во Делчево во организација на Здружението „Kings of the roads“ од Делчево, а со поддршка на Општна Делчево учествуваа преставници од повеќе градови од соседна Бугарија и од Македонија и возила стари повеќе од половина век.
- Има 50 возила и задоволни сме од посетеноста и покрај лошите временски услови, денеска во Делчево успеаја со своите олд тајмери да дојдат колегите од Бугарија и тоа од Благовеград, Велинград, Габрово, Софија, од Ќустендил, како и од Македонија од Штип, Кочани, Виница и се разбира, овде ги изложивме и најдобите и најдобро сочуваните возила од Делчево. Тука се волсфагени, волги, лади, заставините возила, фиќи, фијат или околу 35 возила. Имаме возила произведени 1962 -ра , мерцедес и понтијак, а сепак главна атракција претставуваат старите мотори на колегите од Габрово, Бугарија кои до Делчево стигнаа со нив и ни ја покажаа старата добра германска марка на мотори, рече Лоренцо Трајановски, организатор на ревијата.
- Возилото е „тарабан“ проеиведено 1989 година. Ја имам веќе една година, беше во лоша состојба , ја поправивме, рече Стојан Ангеловски, учесник на ревијата.
Изложбата на олд тајмери го врати Делчево многу години наназад:
- Со оваа ретроизложба на олд тајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, фијат, фиќи, лади, буби, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“. Општина Делчевое е покровител на оваа ретроревија и ќе вложиме напори оваа ретроревија на олд -тајмери да прерасне во традиција со што и Делчево ќе го впишиме во семејство на градови каде се негува со посебен пиетет љубовта кон олд тајмерите, истакна Трајковски, потенцираше Горан Трајковски, градоначалник на Делчево:
Ретроизложбата на олд-тајмери собраа голем број вљубеници на автомобилите, а сите учесници добија благодарници.
Извор: Телевизија Стар