Според егендата на „црвените ѓаволи“ Пол Сколс, Маруан Фелаини не би бил играч на Јунајтед, доколку Фергусон се уште беше тренер на клубот.
Белгискиот интернационалец во Манчестер Јунајтед пристигна како прв официјален трансфер на Дејвид Мојс, но не успеа да ги освои симпатиите на навивачите на тој клуб, а голем дел од нив не сакаат ни да слушнат за него.
Според изјавата на Сколс, слично такво мислење имал и Фергусон во минатото за овој играч.
„Фергусон не би го сакал Фелаини во близина на „Олд Трафорд“, па дури ни како редар кој се грижи за паркинг просторот пред стадионот. Сепак, Ван Гал и Мурињо постојано го селектираат во составот. Тој не знае да одигра едно додавање, не знае да шутира, не знае да дрибла, побавежн е од желка која оди наназад“, смета Сколс.
Фелаини го чинеше Манчестер Јунајтед 35 милиони евра, а пристигна во 2013 година од тимот на Евертон.
Извор: СпортКлуб