Некогашниот фудбалер на Барселона, талентот од Бразил инсистира на тоа дека не му влијаел лошо на Меси додека играл за клуб за Камп Ноу. Како што кажува Роналдињо не треба да верувате во се што ќе прочитате во весниците.
„Сите зборуваат за мене дека лошо сум влијаел врз Меси додека бил млад, тоа се само лаги“, рече Роналдињо во интервју за FourFourTwo.
– Не треба да верувате во се што ќе прочитате во медиумите. Секогаш пробувам да оставам позитивно влијание на него, да направам се што Роналдо направи за мене додека бев млад. Меси од секогаш беше срамежлив, но и фантастичен играч.
Ние живеевме на иста улица, па така имав одличен однос со него и неговото семејство. Знаев дека Меси ќе биде подобар играч од мене.