32.8 C
Skopje
Tuesday, September 16, 2025

Туск: Остануваме блиски партнери со Турција за бегалската криза

Сакам да и се заблагодарам на Бугарија и на Бојко Борисов за средбата, која ја организира.

Ова го кажа Претседателот на Советот на Европскиот совет Доналд Туск по крајот на средбата ЕС- Турција во Варна. Денес разговараме многу важни прашања. Европската унија и Турција се во многу блиски односи и партнери кога станува збор за бегалската криза. Ние ќе го продолжиме ангажманот да ги поддржиме напорите на Турција за справување со бегалската криза. Тие направија многу по однос на ова прашање, рече Туск.

Сакаме да ја окуражиме Турција да работи со Европската унија. Разбираме дека, Турција настрада многу од обидот за пуч, но сакаме да се зачуваат човечките права. Добрите обострани односи меѓу Турција и државите членки на ЕУ се важен аспект, кој е дел од процесот на присоединување, но се уште се чуствуваат одредени притисоци. Денеска зборуваме и за борбата со тероризмот. Ние ја изразивме нашата загриженост и за некои дејствија на Турција во Африн. Сметаме дека, Турција ќе ги управува добро своите дејствија и дека ќе допушти да се оствари хуманитарната помош. Имаме разлики по некои теми, но во целост остануваме во блиски односи, беше категоричен Туск.

поврзани објави

         

Последни објави