25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Средба Димитров – Коѕијас во Виена

Денес со заедничка вечера во Виена почнуваат разговорите помеѓу шефовите на дипломатиите, кои пак утре ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц. Промената на Уставот е предуслов за трајно решение за името, денес порача Ципрас

Промената на Уставот е предуслов за трајно решение за името, денес порача Ципрас. Официјална Атина побара од Скопје сила да донесе  “тешки и неопходни одлуки” , кажа грчкиот премиер – за северниот сосед ова прашање било од егзистенцијално значење. Преговорите биле со чувство на одговорност за решение што ќе ја гарантирало грчката историја и културно наследство, а во исто време ќе исклучувал секаков вид на наводен иредентизам од другата страна – рече Ципрас.

 – Сакаме решение што ќе издржи низ времето, а не решение што ризикува многу брзо да се урне и затоа, меѓу другото, како предуслов ја ставивме и промената на Уставот на соседната земја,кажа Ципрас.
 Солун и централниот дел на грчката област Македонија може да имаат само корист од решението на спорот кој го имаат со Македонија. Оваа изјава на Ципрас следеше по изјавата на гувернерот на грчката провинција Централна Македонија, Апостолос Цицикостас , кој кажа дека единствено решение е само договор што нема да го вклучува терминот Македонија во името. Изјава на Цицикостас се поклопува со позициите на коалиционерот на Ципрас , партијата „Независни Грци“. Каменос порача дека Независни Грци ќе го блокираат и процесот доколку е тоа можно.
 Се појасни се политичките поделби во Грција. Грчките медиуми пренесуваат и дека токму поради тоа патот до решение за името може уште долго да трае. Иако досега постоел оптимизам во периодот до Велигден да има конечен договор, што би се ратификувал во април или мај, сепак разликите помеѓу Скопје и Атина испливуваат на површина.
 И грчки аналитичари со слични ставови – засега само политичка волја, постои голема оддалеченост во низа важни и деликатни точки за решение за името.

Повеќе за ова на АЛФА ТВ

поврзани објави

     

Последни објави