-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Извршители???- грабеж и легален рекет

Не знам дали сме при здрав разум кога дозволуваме да ни објаснуваат, како трошоците за изршителите се нормални…? За некој што е должник и од некакви причини не може да си го врати долгот , е нормално да постојат институции, што ќе ја извршат таа наплата.  Но, кажете ми каде во светот, споредбено со стандардот на граѓаните, се наплаќаат толку големи суми за извршената наплата? Тоа е реален, фактички и легализиран РЕКЕТ. Дали господата ’рекетари’ смеат да извршат наплата на територијата на целата држава и ако не смеат дали знаете што значи тоа?

Имаме ситуација кога државата си го ограбува народот и го остава да дише на шкрги. Инстиктивно и природно е да бараш излез и леб за свооето семејство во кредити и слично. И сега, наместо истата таа држава да си ја поправи грешката и да најде начин да им врати дел од украденото на граѓаните, таа преку извршителите  ги дотепува.

Можеби затоа што ни е  голема администрацијата???

Зарем таа мора да биде голема??? Ајде да ги раниме сега и оние кои по рамковен седат дома и земаат плата за некој да си ја зачува фотељата… Драги фотељаши, ако не ви фаќа црпката, зошто овој народ е изреволтиран, пробајте со само 150 евра месечно да се прехраните и да си ги платите сите сметки, а кога ќе немате на 10-ти, леб да јадете, тогаш гладувајте и гледајте како вашите деца страдаат, ама ни случајно немојте да земете кредит или да отидете во минус на картичките. Постојат држави со далеку поголема администрација од Р.Македонија и таму има извршиели, но постои закон кој што вели дека мора да има егзистенцијален минимум на финансиски средства на месечно ниво, кој не смее никој и по никаква наредба тие да го „чепка“. Тоа е основно цивилизационо право на живот. Никој не смее да сопре вода, струја и парно, бидејќи со тоа го загрозува здравјето на луѓето, помага во ширењето на болести и го доведува во прашање животот на засегнатите. Каква е ситуацијата во нашата држава со извршиелите и дали е нормално сето тоа што ни се случува? Обичниот граѓанин секогаш ја плаќа цената на погрешните политики водени од власта. Затоа треба да застанеме и да се одбраниме од таквата практика, бидејќи таа не е во наш интерес, туку едноставно ги штити лудите идеи на функционерите и нивните пријатели моќници од олигархијата.

Автор: Јована Спасевска член на Управувачки Kомитет на ГДУ

поврзани објави

Последни објави