Денеска 39 делагати на Граѓанско демократската унија го конституираа својот највисок партиски орган, Националниот Комитет на Граѓанско демократската унија (НК на ГДУ) Согласно Статутот на ГДУ за претседавач со истиот е избран Ѓорѓи Трендафилов.
Првата работна обврска на НК на ГДУ беше изборот на членови на Управувачкиот Комитет, (УК) потпретседатели и секретар. На предлог на претседателот на ГДУ Петар Колев, за потпретседатели на партијата беа избрани д-р. Енсер Јусуфовски и Александар Попоски. Должноста секретар на ГДУ ќе ја извршува Димо Петкоски.

Управувачкиот Комитет на ГДУ има 13 членови.
