13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Ким Јонг Ун даде зелено светло: Северна Кореја ќе учествува на Олимписките игри во 2020 и 2022 г.

По состанокот на првиот човек на Северна Кореја со претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет Томас Бах, соопштено е дека Северна Кореја ќе учествува на Олимписките игри во 2020 година (летни) и 2022 година (зимски).

Бах објавил дека ИОК ќе предложи двете Кореи, Јужна и Северна, заеднички да учествуваат на свечените отворања на Игрите, за ЛОИ во Токио во 2020 и за ЗОИ во Пекинг во 2022 година.

– Ни рекоа дека сакаат да учествуваат на ЛОИ во Тoкио и на ЗОИ во Пекинг, како и на сите изданија на Олимписките игри за млади. Тој ангажман на корејскиот спорт ужива потполна поддршка од врховниот водач Ким Јонг Ун“, изјавил првиот човек на Интернационалниот Олимписки Комитет Томас Бах.

поврзани објави

Последни објави