Мохамед Салах се истакна себеси како спортски амбасадор на својата држава – Египет, но и како еден од врвните светски ѕвезди во фудбалскиот свет во моментов. Имено, тој е еден од главните виновници зошто Египет ќе настапува на СП во Русија.
Неговите сонародници имаат огромна почит и љубов кон својот сонародник – фудбалската ѕвезда на Ливерпул, а колку го почитуваат и му се воодушевуваат, покажува информацијата дека Салах добил сериозна бројка гласови на последните претседателски избори во африканската земја.
Во ситуација кога за претседателското место се бореа Муса Мустафа Муса и Абдел Фатах Ал-Сиси, а победи вториот, жителите на Египет ги прецртувале нивните имиња и го додавале тоа на Салах. Угледниот магазин „The Economist“ во својата статија за изборите наведува дека локалните власти потврдиле оти имало над милион неважечки ливчиња, а тоа во најголем случај биле прецртани имиња на кандидатите со допишан Салах, што е навистина бројка која импресионира и покажува што за него мислат Египќаните.








