Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, дека ќе мора да преземе одговорност за справување со ситуацијата со депортираните Турци, вели „Коха диторе“, цитирани од РТС.
Во својот говор, Ердоган го критикуваше за отстранување на министерот за внатрешни работи и шефот на разузнавањето, и ги повика луѓето во Косово да протестираат против него.
Ердоган, исто така, го нарекува Харадинај марионета, „чии конци ги влечат другите“.
„Кариерата на премиерот на Косово ќе заврши“, предвидува Ердоган, објави „Коха Диторе“.
Ердоган вчера потврди дека шесте протерани членови на движењето на Фетулах Ѓулен, кои беа уапсени во Косово и Метохија, се веќе во Турција, и се обвинети за тероризам.
Во Косово два дена пред тоа на мистериозен начин се уапсени шест турски државјани, под обвинение за припадност на движењето ФETO на религиозниот лидер Ѓулен, кој е обвинет дека е одговорен за државен удар со цел да ја собори владата на Ердоган во 2016 година.
Поради овие апсења, премиерот Рамуш Харадинај ги смени вчера министерот за внатрешни работи, Фламур Сефај и шефот на Косовската разузнавачка агенција (КИА) – Дритон Гаши.