6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мислевте дека знаете се за него? Ова се малку познати факти за ЗИДАН!

Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.

Денес марсејскиот крај Кастелан е опколен со неколку кордони полиција, исто како и бразилските сурови фавели во текот на последното Светско првенство.
Еден од постарите браќа на Зидан, Џамал (многу се слични, но постариот е подебел) и натаму живее во оваа населба и како по дома. така и кога излегува на себе носи дрес од Реал Мадрид. Џамал е учесник на две Светски првенства со репрезентацијата на Алжир, 1982-ра и на Мундијалот 1986-та.
Кон крајот на ’70-те главниот тренер на Реал Мадрид трчал по топката на локалниот плоштад Тартан во близина на зградата во чие приземје живеел. Зградата имала лимени прозори а неодамна ја срушиле во борбата против наркодилерите кои таму имале свое гнездо. Џамал Зидан, братот на Зизу во интервју за француското издание на Вајс на новинарот Ерик Бесати му раскажал дека еднаш во Кастелан имало престрелки и пукотници поради што од тренерот на локалната детска екипа побарале да ги тренира децата до 20 вечерта и да не ги распушта.

Татко му на Зидан, Исмаил се преселил во Марсеј во 1962. година, иако девет години претходно дошол во Франција. Тој го напуштил Алжир на 17 години, дошол во Париз, се скрасил на едно градилиште каде што работел долго а потоа со тројца пријатели изнајмил стан во Сен Дени. Во Марсеј се вратил за да го фати бродот за Алжир кој веќе се здобил со независност од Франција, но пред тргнување ја видел расплакана втората братучетка Малика која го убедила да останат во Марсеј.

Исмаил се предомислил, останал, а наскоро Малика му станала жена и му родила пет деца: ќерка и четири синови. Најмладиот го нарекле Зинедин. Живееле во четворособен стан а со плаќање на киријата им помагала и државата. Исмаил работел како утоварувач а подоцна и како чувар во супермаркет.

За осмиот роденден на Зинедин (фамилијата го викала Јазид) целото семејство со роднините отишле во Алжир каде децата го виделе селото Агемун во кое растел татко му кој таму се видел со братот близнак. Чичко му на Зидан живеел во приморскиот град Беџај каде се гледал Мундијалот 1982-ра.

Алжирците тогаш имале две победи но поради послабата гол разлика испаднале во група со Западна Германија и Австрија (чуден некој систем). На 11 години Зидан веќе сменил два клуба и стигнал некако до бизнисменот Робер Сантенеро, сопственик на екипата „Сете-ле-Валон”. Тој го хранел Зидан во својата пицерија и го возел на тренинзите во сиво Рено 104.

Три години подоцна, Зидан бил на проба на најдобрите јуниори од регионот: од 30 играчи избрале 18 меѓу кои и Зизу. Тој почнал да игра како лево крило, но таму не се снашол најдобро и на барање на тренерот почнал да игра стопер во одбраната. Одлично ја изнесувал топката и тоа му западнало за око на скаутот на Кан, Жан Варо’.

Варо’ дошол за Фабрис Монакино, но него веќе „го капарисале” големите екипи, па скаутот морал да најде замена за него. Кан бил амбициозен клуб со желба да игра во Лига 1, два часа со воз од Марсеј, но таму немало место во интернат и Зидан се сместил во семејството на директорот на клубот Жан-Клод Елино чијшто постар син заминал во војска.

Зидан спиел во дневната соба на кауч на отворање, а секое утро Жан-Клод го носел на тренинзи. Еднаш месечно Зинедин се враќал за викенд дома со семејството, да ги увери неговите дека се е добро, дека тренира напорно. На поздравување седнувал во возот Марсеј-Кан и плачел. Често паѓал на провокациите од другите деца кои го навредувале во врска со неговото потекло и вера. Еднаш дури удрил некој соиграч поради што морал да ги чисти ходниците и канцелариите по казна.

Зизу со татко му на Велодром го гледал мечот Франција – Португалија кој Триколорите го добија 3:2 во продолженијата. Во финалето на тоа ЕП двата гола паднале откако влегол напаѓачот на Монако Бруно Белон. Во финалето тој им го дал вториот гол на Шпанците а три години подоцна се преселил во Кан каде се сретнал со тогаш 15-годишниот Зидан. Малиот Зизу играл без костобрани (штитници) и ги освоил симпатиите на Белон кој на 28 години веќе бил на штаки поради ужасните повредите. Го советувал Зидан да не се потпира само на техниката туку и на физичката сила.

Извор: Офф.нет.мк

поврзани објави

Последни објави