Не можам да продолжам да се натпреварувам на истото фудбалско ниво како досега. Затоа, поради сите критики во изминатиот период, како и недовербата на самите навивачи на кралскиот клуб, се решив моето време и љубов целосно да го посветам на моето семејство, на мојата сопруга, Роналдо Џуниор и близнаците.
Сметам дека ова ќе биде правилен чекор, а воедно на тој начин можеби ќе придонесам за Меси да биде најдобриот фудбалер во светот, бидејќи вака, покрај мене, има тешка конкуренција и не може да се докаже“, рече португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кој ја обзнани одлуката за негово пензионирање.
1 април е денот кога сите се подготвени да се пошегуваат и насмеат на туѓа сметка. Па, така, ние одлучивме да се насмееме на сметка на фановите на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој наводно објавил свое заминување од фудбалскиот свет, пензионирање и на тој начин дозвола Меси да се истакне како подобар фудбалер во светот од него. Сепак, фудбалските фанатици може да бидат мирни, Роналдо останува да игра и ќе биде во мртва трка со Меси за титулата – најдобар фудбалер на светот се до нивно заедничко конечно и реално пензионирање.