Даниел Пиљаковски, чие име стои на песните со сесксистичка и дискриминирачка содржина, од зборката позија издадена од Агенцијата за млади и спорт, одрекува дека е нивен автор, објави „еМагазин“.
„Денес бев запрепастен и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката на песни од страна на Агенција за млади и спорт. Крајно одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај, бидеќи ми се ствараат проблеми“, стои во реакцијата на Даниел Пиљаковски.
Јас не сум автор на тие гнасни песни на кои стои како печат моето име и презиме. Ова е многу лошо што ми се случи, вели за Плусинфо Даниел Пиљаковски, момчето чие име и презиме стојат под скандалозните стихови во збирката „Млади поети“ што ја издаде Агенцијата за млади и спорт.