-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

НАСРИ Е ВИСТИНСКИ ИДИОТ: Го понижил играчот со зборовите: Ако сакам, можам да те купам со пари!

Самир Насри остана во лошо сеќавање на навивачите на Арсенал со оглед на предавничкиот начин на кој го напушти „Емирејтс“ и замина во Манчестер Сити во потрага по повеќе пари, а сега поранешниот француски репрезентативец повторно е мета број еден меѓу фановите на овој клуб поради изјавата на Емануел Фримпонг која стана крајно актуелна во Англија.

Поранешниот член на Арсенал кој сега е играч на кипарскиот клуб Ермис се отвори за својата етапа во Северен Лондон во ексклузивното интервју за „Телеграф“, во кое откри каков ужасен третман добил од Самир Насри во самите почетоци во Арсенал кога од резервиниот се приклучил на првиот тим.

Фримпонг имаше пеколно крштевање на еден од неговите први натпревари бидејќи настапи во дербито против Ливерпул, а со оглед на тоа што не одговори на теренот онака како што се очекуваше, сега откри каков настап имал Насри во соблекувалната.

– Го загубиме натреваро со 0:2 и сите очекувавме Венгер да дојде лут во соблекувалната. Наместо тоа, тој дојде навистина мирен и немаше никакви посебни замерки до играчите. Сепак, тогаш истапи Насри и поради некоја причина почна да ми вика во лице. „Загубивме поради тебе“. Се чувствував многу лошо, јас бев многу млад и не знаев што правам во некои ситуации на теренот. Бев уништен, поради Насри се обвинував себеси за поразот. Но, тоа не беше случајно. Насри секогаш имаше нешто против мене. Кога ќе утнев еден пас на тренингот, веднаш трчаше кон мене и ми викаше. Во неколку наврати ми порача дека „може да ме купи, ако сака да го направи тоа“. Тој е вистински идиот. Никогаш нема да почитувам идиоти како Насри, воопшто не ми се допаѓаат такви луѓе, – порачува Фримпонг кој подоцна кога Насри замина во Сити, имаше директен дуел со Французинот кој за малку не се претвори во тепачка на теренот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Fkk-TtC7aRQ
Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави