Професорката на правниот факултет Иванка Василевска од синоќа заедно со новоизбраниот Претседател на УМС на партијата Лука Кржалоски се нови членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
ЦК едногласно го поддржа Кржалоски за нов лидер на младите. Според статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Она што за многумина е можеби изненадување е останувањето на досегашниот претседател Владимир Нелоски во ИК на партијата. Имено, тој и покрај заминувањето од досегашната функција ќе остане во највисокиот орган на партијата.
Нелоски беше претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ цели четири години. Тој во повеќе наврати беше поканет на ТВ дуел од претседателот на СДММ, но истиот не прифати и не учествуваше во тв дебатните емисии каде што беше учесник претседателот на СДММ Стефан Богоев.
Дали новиот лидер на младите ќе извлече поука од ова и ќе биде отворен кон медиумите и кон дебатите и тв дуелите е прашање за чиј одговор ќе покаже времето.