Францускиот тренер на клупата на Реал Мадрид Зинадин Зидан после една од најтешките кризи во клубот во последните 2-3 години, успеа да ја најде формулата за успешно враќање на неговите момци во брилијантна форма.
Меѓутоа, по многу непријатни моменти за клубот и за атмосферата во соблекувалната на Реал, кралскиот клуб конечно наоѓа свој значителен дијалог со кој ќе се овозможи поголема хармонија меѓу самите фудбалери и управата на клубот, но и зголемување на довербата на навивачите во првите луѓе кои се предовдници кон нови победи.
Затоа, Зизу решил да го посоветува еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо, со цел негово подолго останување во фудбалскиот свет како врвен фудбалер со свои препознатливи квалитети без разлика на неговата возраст.
– Ако сакаш да ме послушаш, ако прифаќаш да одмораш од време на време, да пропушташ одредени натпревари и пред се ако ми веруваш мене, ќе си ја продолжиш својата кариера за неколку години, – му порачал Зидан на Кристијано кој од тој момент, навистина одмора на натпревари и добива поштеда како што претходно никогаш не беше случај во неговата кариера.