3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Касами: Судот го потврди нашиот став, Движењето Беса е едно!

Основниот суд Скопје 2 конечно донесе одлука, со која Биљал Касами останува на местото Претседател на Движењето Беса. Тој на прес-конференција нагласи дека Судот го потврдил нивниот став дека Движењето Беса е едно.

„Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не им го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците. Очигледно, успехот на Движењето Беса беше пречка за многу кругови што беа навикнати на старата политичка мисла и, за жал, овие кругови преку концептот на клиентелизам успеа да се пробијат и во Движењето Беса за да ѝ наштетат. За жал, некои од нашите сопартијци станаа жртви на оваа пропаганда и беа ставени во служба на овие кругови. Не сакајќи да станат дел од една фер и демократска трка во рамките на партијата, тие одлучија внатрепартиската дебата да ја изнесат во јавност манипулирајќи, навредувајќи и фабрикувајќи многу невистини, што за одреден временски период ѝ нанесоа штета на Движењето Беса“, рече Касами.

поврзани објави

Последни објави