3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најава за супер интересна ноќ во НБА

 

По една ноќ пауза најсилната кошаркарска лига на светот се враќа со своја и тоа како богата програма. Борбата за плејоф и што подобра стартна позиција во истиот продолжува и во вечерашниве 13 натпревари. За таа цел Ви спремивме најава на најинтересните мечеви вечерва.

Кливленд-Торонто

Во првиот натпревар вечерва ќе гледаме едно многу интересно дерби, кое иако не ни носи борба за плејоф, и те како има голема важност. Кливленд оваа сезона е во топло-ладно форма, но сепак нивната најдобра форма и најдобрите игри од фантастичниот Леброн треба да ги очекуваме во плејоф, за разлика од нив годинава Торонто играат многу стабилно предводени од ДеРозан и Лаури, и се чини дека годинава можеби го имаат најголеми шанси за конечно да влезат во големото финале. И двете екипи вечерва ќе бараат победа, Торонто за да ја задржи првата позиција на истокот, а Кливленд и Леброн за да не си дозволат да стартуваат од лоша стартна позиција. Не очекува многу интересен дуел, кој кошаркарските вљубеници никако не смеат да го пропуштат.

Хјустон-Вашингтон

    Домаќините нешто слично како Торонто, изгледаат дека се спремни да го нападнат трофејот во НБА годинава. Предводени од најверојатно најкорисниот играч во сезоната Џејмс Харден, играат фантастична “Run and Gun” кошарка која ретко која екипа може да ја сопре. Вашингтон ја имаат можеби најдобрата физикална екипа во НБА која може да се носи со секого, но и може да изгуби од најлошите екипи во лигата. Плејофот никогаш не беше доведен во прашање и претводени од Џон Вол и Бредли Бил имаат големи шанси барем за конферециско финале на истокот. Која екипа ќе пружи подобра партија во овој натпревар останува да видиме.

Оклахома-Голден Стејт

Шампионите од мината сезона, годинава се соочуваат со многу проблеми со повреди на најдобрите играчи. Стеф Кари е сеуште во аут,а  и се очекува да биде во аут и за првата рунда од плејофот. Најдобрите игри од оваа екипа треба да ги видиме во завршницата на плејофот, секако ако бидат комплетни и ако некоја екипа не им се испречи на патот кон ново финале и нова титула. Тие секако остануваат број 1 фаворити за титула. Оклахома со неколку трејдови и потписи на слободни играчи направија екипа за респект, која игра многу топло-ладно, но екипа со Расел Вестрбук, Пол Џорџ и Кармело Ентони секако треба да се земе во предвид за напад на титулата. Можат ли овие тројца да го надминат сопственото его и да ја нападнат титулата? Останува да видиме.

Денвер-Индијана

Битката за плејоф на западната конференција е многу интересна, а и како претходните години Денвер е повторно во средината на оганот и се борат за чекор плус и напад на доигрувањето. Во овој меч влегуваат без Вилсон Чендлер и Гери Харис, многу битни играчи во ротацијата, па целиот товар на нападот би требало да падне на балканската ѕвезда Никола Јокич. Натпревар да се биде или не за домаќините. Гостите пак го обезбедија своето учество во плејофот, но сакаат подобра стартна позиција и напад на третото место кое засега го држи Кливленд. Интересен меч во кој и двете екипи ќе влезат максимално мотивирани.

Лос Анџелес Клиперс- Сан Антонио
Директна битка помеѓу овие две екипи за плејоф позиција на западот, Сан Антонио се во подобра стартна позиција во пресрет на овој меч и победа ги носи чекор поблиску до остварување на својата цел, но пораз ги враќа многу назад и многу тешка битка во последните 4 натпревари од регуларниот дел од сезоната. Сепак и покрај тоа што се скоро цела сезона без својата најголема ѕвезда Каваи Леонард, остваруваат импресивни резултати и од нив стравува секоја екипа на западот. Клиперси од друга страна имаат коректна екипа, но се чини дека заминувањето на најголемата ѕвезда од претходните сезони Крис Пол и те како тешко ќе го надминат. Мотивација во овој натпревар нема да недостасува и на двете екипи, влогот е голем, добивката и загубите огромни. Кој ќе ја однесе победата во овој натпревар навистина е многу тешко да се предвиди.

Не очекува многу интересна вечер во НБА со многу добри натпревари, кои ќе бидат како загревање за плејофот кој следува. Доколку имате време никако не смеете да ги пропуштите. Уживајте!!

поврзани објави

Последни објави