Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе имаат нова средба на 12 април во Охрид, објави грчкиот портал reader.gr
Ова ќе биде трета средба меѓу македонскиот шеф на дипломатијата Димитров со неговиот колега од Грција, Никос Козијас.
На последниот состанок, министерот за надворешни работи на РМ истакна дека серијата состаноци ќе продолжи и во иднина, а дека двата тима од Македонија и Грција адресирале тешки прашања, без да открие повеќе детали.








