-0.2 C
Skopje
недела, ноември 16, 2025

Ливерпул на Клоп ја прегази машинеријата на Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

Иако машинеријата на Пеп мелеше се пред себе, како во Премиер лигата, така и во Лига на шампиони, денес сепак таа мораше да го положи своето оружје пред навивачите на Ливерпул, Јурген Клоп, Мохамед Салах и компанија.

Сити подобро влезе во почетокот од овој натпревар и контролираше се на теренот во воведните минути. Се чинеше дека во тој момент Ливерпул нема да може да најде начин да одговори на нивната игра, но сепак работите брзо се променија и Ливерпул ја презеде иницијативата.

Домаќините дојдоа до водство во 12 минута кога Фирмињо беше во шанса, ударот го одбрани Едерсон, за да во продолжението од акцијата кој друг ако не Мохамед Салах ја затресе мрежата на гостите за водство на својот тим. Само две минути подоцна Сане возврати на другата страна, но не во потполност бидејќи неговиот удар помина покрај голот. Не се чекаше долго за да има нов гол во мрежата на граѓаните бидејќи во 21. минута Чемберлејн со топовски удар од околу 20 метри го погоди деснио агол на Сити за водство од 2:0. Конечните 3:0 следеа по нов шок, а овој пат стрелец беше Садио Мане по асистенција на Салах. Тоа беше и конечен резултат на приот дел.

Во второто полувреме се случи многу незгодно изненадување за Ливерпул бидејќи се повреди Мохамед Салах кој мораше да излезе од игра. Сепак, тоа не му наштети на домаќинот кој во продолжението ја контролираше играта на натпреварот и не му дозволија на гостинот во ниту една прилика да се доближи до нивниот гол.

поврзани објави

Последни објави