Претседателот на Граѓанско демократската унија Петар Колев, ги прими политичкиот советник Стефан Нунер и Димитар Спасеноски од одделот за политички прашања при мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Претседателот на ГДУ ги запозна своите соговорници со основите постулати и целите зад кои стои Граѓанско демократската унија. Особено внимание беше посветено на прашања кои се однесуваат на изборниот модел, позитивните ефекти кои би се добиле од промената на постојниот изборен систем, финансирањето на политичките партии, како и влијанието на јавноста и граѓанскиот сектор врз истите.
Ставот на ГДУ по ова прашање е недвосмислен, Македонија треба да биде една изборна единица, со отворени листи.
Стефан Нунер го истакна значењето на фер и демократски спроведени избори и во таа насока тоа останува прашање на кое Мисијата секогаш обрнува посебно внимание .
Граѓанско демократската унија го цени придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините напори за демократизација на нашето општество.