18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

СЕ ПУКАШЕ ВО МАЛА РЕЧИЦА: Еден убиен и двајца повредени?

Вечерва околу 18 часот и 20 минути на улица 167 во тетовска Мала Речица дошло до вооружен инцидент во кои две лица биле повредени од огнено оружје и поради сериозноста на повредите веднаш биле префрлени во тетовската болница. Неофицијално, во инцидентот има и една жртва, а двајцата повредени се во тешка состојба.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, соопшти дека веднаш по пријавувањето на настанот полициска екипа излегла на местото на настанот каде што се преземаат активности за расветлување на случајот, во насока на тоа кој се бил инволвиран како и поводот и мотивите за инцидентот.
Извор: МакФакс

поврзани објави

     

Последни објави