14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Како Роналдо ја одржува неверојатната физичка форма? Ни открива кондискиот тренер на ПСЖ!

 

Кондискиот тренер на ПСЖ ја открива формулата односно специфичниот тренинг план со кој португалецот се одржува. Франузинот открива дека пред извесно време имал пријателски разговор со својот добар познаник Антонио Пинтус кој е кондициски тренер на Реал Мадрид откако Зидан го презема тимот, а тој му го открил специфичниот тренинг план со кој ја одржуваат неверојатната физичка форма на Португалецот.

– Антонио ми кажа дека имаа долга и тешка подготовка за време на летниот период и дека поради тоа резултатите биле доста променливи на почетокот на сезоната. Исто така ми кажа дека со Кристијано Роналдо имаат посебен менаџмент, бидејќи во предвид ја имаат неговата возраст. Тој е навлечен на работа, многу сака да ги прави сите вежби, па затоа бараат од него да се смири и да олабави со исцрпувањата. Тие го штедат во одредени тренинг вежби и во последно време и на одредени натпревари на Реал. Роналдо е играч кој не треба да го притискате за да работи, треба да го притискате за да се смири и да го забави темпото, – вели Фавре во интервјуто за „Ле Паризен“.

поврзани објави

Последни објави