-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Белата куќа објасни зошто Меланија Трамп никогаш не дипломирала

Белата куќа направи напори и се погрижи околу новата прва дама. Хилари Клинтон и Мишел Обама пред доаѓањето во Белата куќа имале успешна правничка кариера, а и Лора Буш може да се пофали со завршено високо образование.

Па така, авторите се потрудиле и Меланија да ја прикажат во што подобро светло. Тие мудро дефинирале како таа почнала да се бави со моделството уште на своја 16 годишна возраст, за потоа да заклучат:

Меланија Трамп ќе дипломирала на универзитетот во Љубљана, но, ги прекинува студиите, со цел натамошна кариера како модел во Милано и Париз. Таа се има појавено на насловните страници на влијателните весници (британскиот GQ, „Во стил“, „Њујорк магазин“, „Харперс Базар“)

Меланија е уште една американска прва дама која не е родена во САД, откако Луис Адамс, сопругата на шестиот претседател на САД Џон Квинси Адамс, била Англичанка.

поврзани објави

Последни објави